Ричмонд Тигерс го отворија петтото коло од новата АФЛ сезона со убедливиот триумф од (7.6) 48-134 (20.14) над Ст. Килда Сеинтс.
Имено, ,,Светците” се држеа резултатски со своите градски ривали од Мелбурн само во првата четвртина, после која водеа со (3.4) 22-21 (3.3).
Во продолжение, Ричмонд ја покажа шампионската игра од минатата година и ги доби наредните три квартали со (1.1) 7-33 (5.3), со (2.1) 13-48 (7.6) и со (1.0) 6-32 (5.2).
Најефикасен фудбалер на мечот беше Џек Риволдт, кој беше задолжен за 33 поени на Ричмонд (5.3).
Освен него, од неговите соиграчи, хет-трик забележаа Том Линч (3.1) и Џек Греам (3.0), по двапати во листата на стрелците се запишаа Џејсон Кастања (2.2) и Даниел Риоли (2.0).
Од редовите на Сеинтс, со по два гола, најмногу се истакнаа Џек Лоуни (2.1) и Џек Хигинс (2.0).
На табелата, Ричмонд скокна на четвртото место, а Ст. Килда остана на единаесеттата позиција, но и двете екипи имаат по натпревар повеќе во однос на конкурентите.
📸 Michael Willson/AFL Photos via Getty Images



