
Во четиринаесеттото коло од тековната АФЛ сезона, Ричмонд Тигерс им се одмаздија на Карлтон Блус за поразот од првата рунда.
Имено, ,,Тигрите” водеа во текот на цел натпревар и накрај дојдоа до конечен триумф од (11.15) 81-66 (9.12).
Во доминантната партија на Ричмонд, најрасположени во офанзивата беа Џек Риволдт (2.0), Шеј Болтон (2.1) и повратникот Том Линч (3.0).
Од тимот на Карлтон, осум поени имаше Чарли Карноу (1.2), а најефикасен беше Хари МекКај (4.2).
И покрај поразот, Блус останаа на четвртото место на табелата, а Ричмонд скокна на осмото место.