
Во увертирата на осмото коло од новата АФЛ сезона, силите ги одмерија минатогодишните финалисти – Ричмонд Тигерс и Џилонг Кетс.
Накрај, Џилонг успеа да им се одмазди на ,,Тигрите” за поразот во последното финале, откако денес потполно ги декласираше со (9.9) 63-126 (19.12).
Имено, после првото полувреме, предноста стоеше на страната на Ричмонд, кој водеше со 49-40 после четириесет минути игра.
Сепак, пресвртот се случи во третата четвртина, којашто Кетс ја добија со убедливи 8-52 и стекнаа позитива од +35.
Во четвртиот квартал само продолжи агонијата на Ричмонд бидејќи актуелните шампиони беа повторно надиграни со 6-34.
Од поразениот состав, солиден впечаток оставија само двајцата стрелци на хет-трик, односно Шеј Болтон (3.1) и Џејк Артс (3.0).
Од противничкиот табор, тројцата најефикасни играчи комбинираа дури петнаесет голови и три бихајнди, односно дури 93 поени.
Најдобар од нив беше Џереми Камерон (6.2), а одлични беа уште Гери Рохан (5.0), кој го одигра својот 150. меч во АФЛ и Том Хокинс (4.1).
На табелата, со натпревар повеќе во однос на останатите екипи, Ричмонд го зазема осмото, а Џилонг – третото место.



