
Синоќа, Њујорк Ренџерс ги надиграа Едмонтон Оилерс со 4-1 и ја запишаа првата меѓусебна победа на домашен терен после 11 ноември 2017.
На натпреварот, ,,Ренџерите” имаа четири различни стрелци, односно Алексис Лафрение во првата, Беркли Гудроу во втората, односно Крис Крајдер и Рајан Сторм во третата третина.
Од друга страна, Оилерс упатија 34 удари кон голот на Алесандар Георгиев, кој запиша 33 одбрани (97,06%).
Единствен хокеар што успеа да го совлада рускиот голман беше Рајан МекЛиод во вториот период за намалување на 2-1.
Со серијата од четири порази, Оилерс паднаа на осмото место на Западот, додека во Источната конференција, Ренџерс избија на челото со третата победа во низа.




