
Најефикасниот натпревар од целиот викенд во англиските фудбалски лиги го одиграа Рексам и Барнет.
Имено, Рексам го доби својот ривал на велшко тло со неверојатни 7-5 во рамките на четиринаесеттото коло од Националната лига.
Во последните петнаесет дена, вклучувајќи го и овој натпревар, Барнет одигра четири средби, кои завршија со вкупна гол-разлика од енормни 13-20.
Против Рексам, резултатот на полувремето гласеше ,,скромни” 3-2 во корист на домаќините, кои направија серија од четири гола во девет минути во вториот дел.
За победничкиот состав, по два гола постигнаа Арон Хејден (9′, 60′) и Пол Малин (37′, п. 54′), а по еднаш стрелаа Томас О’Конор (35′), Лук Јанг (56′) и Оли Палмер (65′).
На спротивната страна, двапати реализираа Ник Кабамба (29′, 76′) и Идрис Кану (51′, 85′), а еднаш – Хари Причард (31′).
На табелата, Рексам остана на второто место, додека Барнет падна на четиринаесеттата позиција.




