Иако на хартија важеа за благи аутсајдери, пред сè поради гостинскиот терен, Бостон Ред Сокс успеаја да слават над Хјустон Астрос со 5-9 и да ја израмнат полуфиналната серија на 1-1.
Ред Сокс стекнаа убедливо водство од 0-8 после вториот ининг, откако станаа прв тим во историјата што постигнал дца грен-слеми на еден плејоф натпревар.
Главни удирачи за гостите беа Џеј Ди Мартинез и Рафаел Деверс (+1), додека на базите стоеја Кајл Шварбер, Алекс Вердуго, Кевин Плавецки, Кристијан Аројо и Енрике Хернандез.
Во четвртиот ининг, Хернандез го постигна својот трет хоум-ран во доигрувањето и ја зголеми предноста на Ред Сокс на 0-9.
До крајот, четвртата и деветтата деветтина беа ефикасни за Астрос, во кои Јули Гуриел и Џејсон Кастро забележија хоум-ран, а Јордан Алварез, Карлос Кореа и Кајл Такер освоија по четири бази.
Третиот меч од меѓусебната серија ќе се одигра во Бостон, вечерта помеѓу 17 и 18 октомври, со почеток од 02.08 часот.