Во првиот заеднички дуел после 2019, Бостон Ред Сокс ги совладаа Кливленд Индијанс со 3-4.
После седум ининзи, домаќините водеа со 3-1, но со трите поени во претпоследниот период, Ред Сокс направија целосен пресврт.
За Кливленд, по еден хоум-ран забележаа Хозе Рамирез и Ју Чанг, а Амед Росарио освои четири бази.
На спротивната страна, победоносен беше првиот овосезонски хоум-ран на Џонатан Арауз, а во листата на поентерите се запишаа уште Алекс Вердуго, Кристијан Вазкез и Џеред Дуран.
Со половичен учинок од 63 победи и од 63 порази, Кливленд го држи деветтото место во Американската лига.
Доста подобра сезона, со изгледни шанси за плејоф, имаат Ред Сокс (74-56), кои се петтопласирани во истата конференција.