Анте Ребиќ има инстинкт за гол, неуморен борец е, но и често пати неговиот темперамент му носи црвени картони. Таков беше случајот и во реванш натпреварот од полуфиналето во купот на Италија кога Ребиќ на дуелот против Јувентус во 16 минута стартуваше грубо и со високо подигната нога врз Данило и на судијата Орсато не му преостануваше ништо друго освен да му додели директен црвен картон.
Дисциплинската комисија на фудбалскиот сојуз на Италија го разгледа неговиот случај и донесе олиснителна казна и хрватскиот репрезентативец ќе добие само еден натпревар суспензија и ќе го одработи на следниот куп дуел, а тоа ќе биде наредна сезона, бидејќи само преостанува куп финалето помеѓу Јувентус и Наполи.



