Серхио Рамос е виновникот што Шпанија одигра 1-1 на гостувањето кај Швајцарија, дефанзивецот два пати промаши од белата точка, вториот шут му беше особено очаен. Домаќините поведоа со голот на Фројлер во 26. минута, за во продолжението од мечот Серхио Рамос два пати да промаши од белата точка.
Дефанзивецот имаше погодено 25 пенали во низа, но не реализираше два удари од 11 метри во период од 23 минути. Во финишот од мечот, Жерард Морено погоди за 1:1. Во прилог и неуспешната пенал серија на Серхио Рамос:



