Првиот натпревар од овогодинешниот плејоф во АФЛ го одиграа Порт Аделаид Пауер и Џилонг Кетс.
Форматот на доигрувањето во ова натпреварување е доста почуден отколку регуларниот.
Имено, Порт Аделаид беше првопласиран тим во регуларната сезона, а го отвори плејофот со четвртата екипа.
Во вториот натпревар ќе се соочат вторите Бризбејн Лионс и третите Ричмонд Тигерс, а поразените екипи од овие дуели ќе имаат уште една шанса во разигрувањето, играјќи против посилните екипи што ќе поминат од натпреварите помеѓу петтите Вест Коуст Иглс и осмите Колингвуд Мегпајс, односно шестите Ст. Килда Сеинтс против седмите Вестерн Булдогс.
Денес, Порт Аделаид покажа поквалитетна игра во второто полувреме што беше клучна за победата од (9.4) 58-42 (5.12).
Првото полувреме заврши речиси нерешено со (4.2) 26-25 (3.7) за Пауер, а статистички гледано, Кетс имаа подобри бројки.
Накрај, најефикасен на мечот беше Стивен Мотлоп од победничкиот состав, кој воедно беше и единствен фудбалер со хет-трик.
Кај Џилонг, пет бихајнди забележа Том Хокинс, а Рајс Стенли беше најдобар со тринаесет поени (2.1).
Поради необичниот формат на плејофот, Порт Аделаид избори директен пласман во полуфиналето и тоа за првпат после 2014 година.



