Во рамките на Премиер лигата во ефикасен натпревар на ,,Еланд Роуд” Лидс Јунајтед оствари значајна победа над Њукасл со резултат од 5:2. По првото полувреме двете екипи имаа реми од 1:1 со головите на Хендрик и Бамфорд, додека во второто полувреме имаше голеада.
За 2:1 стрелец беше Родриго, но набрзо гостите преку Кларк израмнија на 2:2. До крајот на средбата домаќините постигнаа уште три гола, најпрвин преку Далас за водство од 3:2, а во 85 минута репрезентативецот на Македонија, Езџјан Алиоски го постигна својот првенец во Премиер лигата на асистенција на Пабло Хернадес за дуплирање на водството од 4:2. Конечните 5:2 за нови три бода ги постави Харисон во 88 минута ид натпреварот.



