Во дуелот на две екипи зад кои е сериозна пауза во играњето на прволигашка кошарка, онаа од Кавадарци се покажа како малку подобра подготовка во однос на онаа од Аеродром.
Во Аеродром МЗТ Скопје го нагости тимот на Еуро Никел и гостите дојдоа до сензационална победа над фаворитот со резултат од 87:75. Јунак на овој меч беше искусниот Дарко Соколов кој успеа да постигне дури 30 коша, освен него со двоцифрен учинок беа Казарновски со 14, Мијатовиќ 13, Влаховиќ 12 и Караколев зад своето име имаше 10 поени.
Во поразената домашна екипа на МЗТ Скопје најефикасен заврши капитенот Дамјан Стојановски со 26 коша, а Бијиќ со 19 и Магдевски со 13 поени беа двоцифрени кај ,,Штрковите”.



