Од 1995 наваму, односно откога франшизата на Аваланш се пресели од Квебек во Колорадо (во Денвер), освои вкупно три Стенли купови.
Имено, третата титула и прва после 2000/01, Колорадо ја освои синоќа, со вкупни 4-2 против шампионите од последните две сезони – Тампа Беј Лајтнинг.
Во шестиот меѓусебен натпревар од финалната серија, гостите славеа со 1-2 после пресврт.
Во првата третина, Стивен Стамкос им донесе водство на домаќините од Флорида, а во вториот период, за новата круна на Колорадо стрелаа Нејтан МекКинон и Артури Лехконен.