
Њу Џерси Девилс дојдоа до првата плејоф победа после 2018, совладувајќи ги Њујорк Ренџерс со 1-2 после продолжение.
Во третиот дуел од меѓусебната осминафинална серија, Девилс триумфираа, благодарение на Даги Хамилтон после дванаесет дополнителни минути.
Додека траеше регуларниот дел, односно во втората третина, Крис Крајдер погоди за водство на домаќините, а Џек Хјус израмни за гостите.
Четвртиот меѓусебен дуел е закажан за два дена, а истиот повторно ќе биде одигран во ,,Медисон Сквер Гарден”.