
За првпат после 2019, Милвоки Бруерс ги совладаа Филаделфија Филис, надигрувајќи ги синоќа со убедливи 10-0.
На мечот, ,,Пиварите” поентираа по трипати во третиот и во шестиот ининг, односно постигнаа по два поени во седмата и во осмата деветтина.
Од сите играчи, хоум-ран забележа Ависаил Гарсија, додека по четири бази освоија Ерик Лауер, Колтен Вонг, Едуардо Ескобар (х2), Луис Уријас, Рауди Тељез, Лоренцо Каин (х2) и Кристијан Јелич.
Гореспоменатиот Лауер, воедно беше и стартен фрлач за победничкиот состав, кој за седум ининзи освои пет страјк-аути.
На табелата на Националната лига, Бруерс (85-55) го држат третото место, додека Филис (71-67) се наоѓаат на седмата позиција.