
Во заостанатиот меч од четвртото коло на англиската Лиг 1, Форест Грин го порази Акрингтон Стенли со 2-1.
За првиот вегански клуб во светот, оваа победа беше втора во сезоната и воедно прва во историјата во третата лига пред домашната публика.
Двете екипи одиграа изедначен натпревар, а после првото полувреме, Форест Грин водеше со 1-0, благодарение на првиот овосезонски гол на Рис Браун (37′).
Во вториот период, гостите израмнија на 1-1 преку Томи Леих (76′), но пет минути подоцна, Џош Марч (81′) им ја донесе победата на домаќините.
На табелата, двата ривали имаат по седум поени, а врз основа на гол-разликата, Акрингтон го држи деветнаесеттото, а Форест Грин – дваесет и првото место.