
Во првиот натпревар после паузата за ,,Ол-Стар”, Тексас Ренџерс ги декласираа Мајами Марлинс со 0-8 и ја прекинаа својата серија од четири порази.
Имено, двете екипи се соочија меѓу себе во Мајами за првпат после осум години, кога Ренџерс повторно славеа со 4-5.
Синоќа, гостите ги постигнаа своите поени во третиот, во петтиот и во последните два периоди.
Единствениот хоум-ран на мечот го постигна Адолис Гарсија, а по четири бази освоија Езекиел Дуран, Маркус Семиен (х2), Натаниел Лоу, Џон Хајм (х2) и Леоди Таверас.
Во Националната лига, Мајами (43-49) остана на деветтата позиција, додека Ренџерс (42-49) се единаесетти во Американската конференција.