И покрај неповолниот старт на сезоната со два порази во првите три кола, актуелните шампиони, Мелбурн Сторм, успеаја да изградат непобедлив тим.
Имено, Сторм, во првиот меч од 22. коло, ги поразија Канбера Рејдерс, во репризата на минатогодишното полуфинале, со 26-16.
На овој начин, претставниците на Мелбурн дојдоа до осумнаесеттата победа во низа со 695 дадени поени (38,6 по меч) и со 212 примени поени (11,7 по меч).
Денес, Рејдерс одлично ги започнаа двете полувремиња со вкупно три есеи, но во понатамошниот период, до израз дојде квалитетот на Сторм.
За Рејдерс, хет-трик запиша Бејли Симонсон (4′, 47′, 54′), Сем Вилијамс погоди 2/3 конверзии, а надежите за реми ги урна Кори Харавира-Наера со добиениот црвен картон (76′).
На спротивната страна, Ничо Хајнс погоди три конверзии и еден пенал, додека во вториот дел поентираше само Рајан Папенхајзен преку три казнети удари.
Освен нив, по еден есеј запишаа Брендон Смит (10′), Дин Јеремија (15′) и Крис Луис (21′).
На табелата, Мелбурн остана на врвот, а Канбера, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, сè уште е на осмото место.