Екипата на Автомобилист Екатеринбург продолжува со своите лоши изданија, откако денес го запиша петтиот врзан пораз, губејќи од ЦСКА Москва со 1-5.
Гостите од руската престолнина постигнаа еден гол во првата и по два гола во втората и во третата третина. Стрелци на овие погодоци беа Максим Шалунов (х2), Максим Мамин, Павел Карнаухов и Антон Слепишев.
Од друга страна, единствен хокеар од домашниот состав што ја затресе мрежата на Александер Шариченков беше Павел Дацјук, за намалување на 1-4.
Негативната серија на момците од Екатеринбург ги спушти на петтата позиција на Истокот, иако претендираа за самиот врв пред две недели. Од друга страна, ЦСКА е убедливо најдобар состав на Западот.