Синоќа, Милвоки Бруерс дојдоа до третиот врзан триумф над актуелните шампиони, ЛА Доџерс, откако славеа со 6-5 после два дополнителни периоди.
После регуларното време, резултатот гласеше 2-2, стекнат уште во првите три ининзи, а Милвоки ги доби двете продолженија со вкупни 4-3.
Од фрлачите на Доџерс, Дастин Меј освои три страјк-аути, но поради повреда го напушти теренот во вториот ининг.
Кај Бруерс, вкупно шест играчи ја фрлаа топката, а најефикасен беше Брендон Вудраф со шест страјк-аути после шест ининзи.
За Доџерс, Муки Бетс беше единствен поентер со хоум-ран, а освен него, по четири бази освоија Вил Смит и Еј Џеј Полок (х2).
Од друга страна, хоум-ран за Бруерс забележија Луис Уријас и Тревис Шоу, а со трчање поентираа Кестон Хиура, Били МекКини, Лук Меил и Марио Фелисијано.
Со новиот триумф, Милвоки (17-10) ја зазема првата позиција во Националната лига, додека Доџерс (16-12) го делат третото место со Сан Диего Падрес.