
Аризона Дајамондбекс, не само што ги поразија фаворизираните Сан Диего Падрес со 7-0, туку не им дозволија ниту една освоена база во текот на цел натпревар.
Ваквите случаи се наречени ,,ноу-хитер”, а синоќа, Дајамондбекс го запишаа својот прв на домашен терен во досегашната историја.
Во најголема мера, ,,вината” за славјето на Аризона оди на контото на фрлачот Тајлер Гилберт, кој освои вкупно пет страјк-аути.
Воедно, Гилберт стана и првиот фрлач после 1953, кој освоил ,,ноу-хитер” на првиот старт во МЛБ.
Освен него, во нападот на Дајамондбекс се истакнаа Дру Елис со хоум-ран, како и Џош ВанМетер, Кетел Марте, Павин Смит (х2), Давид Пералта и Ник Ахмед, кои освоија по четири бази.
И покрај триумфот, Аризона (38-80) останува на дното на Националната лига, додека Падрес (66-53) го заземаат четвртото место.



