Робин Олсен и неговото семејство претрпеле вистински хорор во нивниот привремен дом во Алтринхам, во околината на Манчестер, кога разбојници извршиле кражба, а биле наоружани со мачети.
За среќа голманот на Евертон, ниту членовите на неговото семејство не биле повредени, иако имало закани од крадците. Швеѓанецот е оштетен за неколку илјади фунти, бидејќи маскираните разбојници украле накит, луксузен часовник и потоа го напуштиле домот на 31-годишниот голман на Евертон.
Ова е втор случај во последно време во Англија, познат спортист да биде под ваква закана, откако минатото лето Месут Озил и Сеад Колашинац, тогаш и двајцата фудбалери на Арсенал беа нападнати од разбојници, исто така со ножеви.