
Витјаз Подолск ја продолжи својата негативна серија на пет врзани порази, откако денес загуби од Сибир Новосибирск со 2-1.
Претставниците на Западот поведоа во 44. секунда од првата третина преку третиот овосезонски погодок на Михаил Смолин.
Русинот беше единствен хокеар на мечот што успеа да го совлада Хари Сатери, кој со 27/28 одбранети шутеви (96,43%) беше една од главните алки во неговиот јубилеен стоти триумф во КХЛ.
Освен Финецот, протагонисти во победата на домаќините беа Тревор Марфи и Александер Шаров, кои се запишаа во листата на стрелците по третпат сезонава, односно во третиот период го совладаа голманот на Витјаз – Илја Ежов.
Со новите два поени, Сибир скокна на седмото место на Истокот, додека момците од Подолск се десетти во Западната конференција.



