ЛА Лејкерс направија целосен пресврт во осмина-финалната серија против Феникс Санс и поведоа со вкупни 2-1.
Имено, актуелните шампиони синоќа ги добија претставниците на Аризона со резултат од 109-95.
Првото полувреме беше во потполност изедначено, но ,,Езерџиите” ги покажаа своите квалитети во третата и во четвртата четвртина, кога имаа константна двоцифрена предност.
Најефикасен поединец на паркетот беше Ентони Дејвис (ЛА Лејкерс), кој уфрли дабл-дабл од 34 поени и од 11 скокови.
Од неговите соиграчи, поентерски се истакнаа ЛеБрон Џејмс (21 кош) и Денис Шродер (20 кошеви).
Од редовите на поразениот состав, Деандре Ејтон имаше дабл-дабл учинок од 22 поени и од 11 скокови, а 19 кошеви додаде и Девин Букер.