ЛА Доџерс станаа вистински кошмар за Питсбург Пиратес, откако синоќа ги поразија по четиринаесетти пат во низа.
Имено, претставниците на Лос Анџелес славеа со 2-1 и така дојдоа до четвртата последователна победа во лигата.
,,Пиратите” го отворија резултатот во седмиот ининг, откако со трчање поентираше Грегори Поланко.
Веднаш потоа, со првиот хоум-ран во сезоната, на 1-1 израмни Били МекКини, а во осмиот период, по дваесет и шести пат во 2021, топката на трибините ја искачи Макс Манси, кој воедно го постави и конечниот резултат.
Во Националната лига, Доџерс (73-46) скокнаа на второто место, додека Питсбург (42-77) остана на претпоследната позиција.