Денес, ЦСКА Москва направи пресврт во финалната серија против Авангард Омск и поведе со вкупни 2-1.
Имено, претставниците на главниот град на Русија, со токму ист резултат го добија и третиот меѓусебен дуел.
Во првата третина, Рид Бушер го отвори резултатот и им донесе почетно водство на ,,Јастребите” со седмиот погодок во тековниот плејоф.
Пред паузата, ,,Армејците” успеаја да го израмнат резултатот преку својот најдобар поентер – Константин Окулов, после одличната асистенција на Александр Попов.
Победничкиот гол беше дело на најдобриот стрелец на ЦСКА, Максим Шалунов, кој стрелаше на дванаесет минути до крајот.
📸 Twitter: ХК Авангард



