После неколку обиди и напорни сезони, екипата на Саут Сиднеј Рабитохс успеа да се квалификува во финалето за НРЛ за првпат после 2014.
Во првото полуфинале, ,,Зајаците” ги совладаа градските ривали, Манли Си Иглс, со резултат од 36-16.
Поради тоа што автобусот на Манли заглави во сообраќаен метеж, натпреварот започна со задоцнување од петнаесет минути.
Сето тоа како да го поремети ритамот на номиналните гости, кои после првото полувреме имаа недостижен заостаток од 22-0.
Во вториот дел, Си Иглс пружија релативно подобра игра, надигрувајќи го Саут Сиднеј со 14-16, но сето тоа се покажа само како пиров успех.
Од поразениот состав, Рубен Герик (43′, 76′) беше задолжен за дванаесет, а Том Трбојевиќ (73′) за четири поени.
На спротивната страна, Блејк Таафе погоди четири конверзии, а есеи забележаа Коди Вокер (12′, 28′), Алекс Џонстон (22′, 79′), Џексон Пауло (37′, 59′) и Кемпбел Греам (50′).
Во големото финале, Саут Сиднеј ќе го чека победникот од минатосезонските финалисти, односно Мелбурн Сторм и Пенрит Пантерс.