
Синоќа, Милвоки Бакс го добија третиот меч од меѓусебната четврт-финална серија против Бруклин Нетс со 86-83 и намалија на вкупни 2-1.
Бакс фуриозно го започнаа дуелот, добивајќи ја првата четвртина со 30-11.
Веднаш потоа следуваше одговор на Бруклин, кој во вториот период направи серија од 15-31 и ја врати неизвесноста.
Во второто полувреме, разликата се движеше и на двете страни и воглавно беше едноцифрена.
Најзаслужни за победата на Бакс беа двајцата кошаркари со дабл-дабл учинок: Крис Мидлтон (35 поени и 15 скокови) и Јанис Антетокумбо (33 поени и 14 скокови).
Кај Нетс, најефикасен беше Кевин Дурент (30 кошеви и 11 скокови), а две двоцифрени статистики имаше и Брус Браун (16 кошеви и 11 скокови).
На трибините во ,,Фисерв Форум”, поддршка на Бакс им даваа тројцата членови на оближниот НФЛ тим, Грин Беј Пекерс, односно ѕвездите Арон Џонс, Кени Кларк и За’дејриус Смит.



