Синоќа, Ст. Луис Кардиналс дојдоа до шестата последователна меѓусебна победа над Мајами Марлинс, триумфирајќи минимално со 1-0.
Откако резултатот беше 0-0 после осум и пол ининзи, со последната акција на мечот, Пол Голдшмидт освои четири бази за победа на својот тим.
Неговото победничко трчање беше овозможено од ударот на Јадиер Молина, кој додаде нов ,,РБИ” во својата овосезонска статистика.
Најдобар поединец кај Мајами и покрај допуштениот поен, беше фрлачот Сенди Алкантара, кој освои шест страјк-аути.
На спротивната страна, Џон Овиедо фрлаше во седум ининзи, дозволи шест бази и освои четири страјк-аути.
На табелата на Националната лига, Кардиналс (35-33) го заземаат осмото место, додека Марлинс (29-39) се наоѓаат на дванаесеттата позиција.