Еднодневниот белгиски класик Де Брабантсе Пајл (превод: Брабантската стрела) се одржа денес во рамките на новата велосипедска сезона.
Имено, ова беше 61. издание на трката, долго 201,7 километри, кое се возеше од Леувен до Оверајсе.
На него, Томас Пидкок (4:36:27) стана првиот британски победник, откако покажа најдобри перформанси во самиот финиш.
На второто место се пласираше фаворизираниот Воут Ван Аерт (+0:00), а Матео Трентин (+0:02) го комплетираше подиумот.
Исто така, пласман во првите десет изборија уште: Иде Шелинг (+0:07), Томс Скујинс (+0:07), Роберт Станард (+0:07), Дилан Теунс (+0:07), Бенуа Конефруа (+0:07), Оскар Ризебеек (+0:07) и Андреас Лекнесунд (+0:12).
📸 Tim de Waele/Getty Images



