
Синоќа, Хјустон Астрос дојдоа до третата последователна победа, откако ги совладаа Бостон Ред Сокс со 5-1.
Сè до шестиот ининг, Ред Сокс се држеа резултатски во натпреварот, но со трите поени во седмиот период, Астрос ја загарантираа победата.
За Бостон, единствениот поен го постигна Хантер Ренфроу по ударот на Марвин Гонзалез во петтиот ининг.
На спротивната страна, со хоум-ран, резултатот го отвори Хозе Алтуве, а во продолжение, по четири бази освоија Јордан Алварез, Кајл Такер, Мајлс Строу и Мартин Малдонадо.
На табелата на Американската лига, Бостон (32-22) го држи третото место, а Хјустон (30-24) се наоѓа на шестата позиција.



