
Хјустон Астрос го отворија второто полуфинале на МЛБ со триумф од 4-2 над Њујорк Јенкис.
Јенкис го отворија резултатот во вториот ининг по што следуваше серија од 4-0 на домаќините, пред гостите да поентираат уште еднаш во осмата деветтина.
За Јенкис, по еден хоум-ран постигнаа Харисон Бејдер и Ентони Рицо.
На спротивната страна, фрлачот Џастин Верландер освои единаесет страјк-аути, а хоум-рани имаа Јули Гуриел, Час МекКормик (+1) и Џереми Пења.




