Пенрит Пантерс и Саут Сиднеј Рабитохс го отворија седмото коло од овогодинешната НРЛ сезона. Пенрит ја имаше фаворитската улога во пресрет на натпреварот и успеа да ја оправда истата со победата од 20-12. Воедно, оваа победа им овозможи на „Пантерите“ да се искачат на првото место на табелата барем на два дена, сè додека Парамата Илс и Њукасл Најтс не ги одиграат своите натпревари.
Поентери за Пенрит на денешната средба беа Нејден, Крајтон, Едвардс и Клери преку есеј, а токму последниот додаде уште една конверзија и еден пенал. Од друга страна, за Саут Сиднеј, по еден есеј постигнаа Сиронен и Џонстон, а Рејнолдс успешно изведе две конверзии.
Со овој пораз, момците коишто го претставуваат јужен Сиднеј, останаа на осмото место, но имаат натпревар повеќе во однос на сите конкуренти.