
Екипата на Пеликанс избори финале на финската хокеарска Лиига, откако во полуфиналето го доби Илвес со вкупни 4-2.
Во шестиот натпревар, ,,Пеликаните”, како домаќини остварија триумф од 3-1, кој им го донесе прво финале после 2012.
После две третини, претставниците на Лахти водеа со 3-0 при што, во листата на стрелците се запишаа Јони Иконен, Аату Јамсен и Топијас Вилен.
Во третиот период, гостите упатија девет шутеви од кои, мрежата на Патрик Бартошак ја затресе само Хенрик Хаапала.