По вторпат на последните три средби, Јута Џез запишаа пораз, откако синоќа беа совладани од Њу Орлеанс Пеликанс со 129-124.
Во текот на натпреварот, двете екипи во неколку наврати ја менуваа предноста.
Сепак, кон крајот на третиот квартал, Пеликанс дојдоа до резултатската позитива и ја држеа до самиот крај.
Најефикасен поединец на мечот беше Бојан Богдановиќ од Јута со 31 поен. Неговиот соиграч, Руди Гобер, уфрли уште 22 кошеви.
Од противничките играчи, најпрецизни беа Брендон Инграм (26 поени) и Зајон Вилијамсон (26 поени и 10 скокови).
И покрај поразот, Јута (27-8) останува на првото место на Западот, додека Пеликанс (15-19) ја држат единаесеттата позиција.
📸 Melissa Majchrzak/NBAE via Getty Images