
Њу Орлеанс Пеликанс дојдоа до изненадувачки ,,брејк” во осминафиналето на НБА против Феникс Санс.
Имено, аутсајдерите синоќа ги поразија лидерите на Западот со 114-125 и ја израмнија меѓусебната серија на вкупни 1-1.
Натпреварот беше неизвесен во текот на целото негово времетраење, а Пеликанс славеа со серијата од 28-16 во четвртата четвртина.
Дабл-дабл учинок од победничките редови имаа Брендон Инграм (37 поени и 11 скокови) и Јонас Валанчиунас (10 поени и 13 скокови), а уште 23 кошеви додаде Си Џеј МекКолум.
На спротивната страна, Крис Пол имаше две двоцифрени статистики, односно 17 кошеви и 14 асистенции, а Девин Букер уфрли 31 поентирање.




