
Пеликанс стекнаа ,,меч-топка” за пласман во финалето на финската хокеарска Лиига, откако поведоа со вкупни 3-2 против Илвес.
Имено, во петтиот меч од меѓусебната полуфинална серија, гостите од Лахти славеа со 0-2.
Стрелец и на двата погодоци беше Иика Кангасниеми во втората третина во интервал од пет минути.
Неговиот голман, Патрик Бартошак, го запиша првиот шут-аут во тековниот плејоф со 23/23 одбранети шутеви.