
По двата меѓусебни врзани порази, Отава Сенаторс синоќа ги совладаа Питсбург Пенгуинс со 5-4 после продолжение.
Во регуларниот дел, двете екипи приредија одлична голеада со дури три пресврти.
Сепак, накрај, Канаѓаните дојдоа до целосен плен, откако Брејди Ткачак ја комплетираше ,,петардата” на својот тим после 25 дополнителни секунди.
Освен него, за победничкиот состав стрелаа уште Алекс ДеБринкат, Тим Штуцле, Дрејк Батерсон и Шејн Пинто.
На спротивната страна, во листата на стрелците се запишаа Џејсон Зукер, Евгени Малкин, Марк Фридман и Рикард Ракел.
Во Источната конференција, Питсбург остана на осмото место, додека Отава ја зазема четиринаесеттата позиција.