Последниот турнир од Серијата на домашни нации е познатиот Велш Опен, кој се одржа во текот на изминатата недела во Њупорт, Велс, по јубилеен триесетти пат.
Воедно, ова беше десеттиот рангиран турнир во сезоната 2020/21, а како победник излезе Џордан Браун.
Северноирецот ја освои својата прва професионална титула, откако во финалето го совлада Рони О’Саливен со 9-8 и покрај аутсајдерската улога.
Во текот на првиот дел од финалната пресметка, Браун имаше константна предност.
Сепак, О’Саливен успеа да поведе на почетокот на вториот дел со 6-5, но до крајот, Северноирецот ја консолидира својата игра и стигна до трофејот.
На патот до финалето, 81. играч на ранг-листата ги порази Луо Хонгхао (4-0), Сем Креги (4-3), Александер Урзенбахер (4-3), Марк Кинг (4-3), Марк Селби (5-4) и Стивен Мегваер (6-1).
Од друга страна, елиминација од О’Саливен доживеаја Роби Вилијамс (4-0), Џими Вајт (4-0), Мартин Гулд (4-0), Јулонг Жу (4-1), Али Картер (предадено) и Марк Вилијамс (6-1).
📸 Eurosport