
Иако важеше за потполен аутсајдер, Олдам Атлетик, во триесет и седмото коло од англиската Национална лига, го порази Вокинг со минимални 1-0.
За претставниците на Ленкашир, ова беше прв триумф во историјата над овој ривал на вкупно вториот досегашен меѓусебен натпревар.
На мечот, херој за домашниот состав беше дефанзивецот Нејтан Шерон (90+2′), кој во судиското продолжение ги остави трите бода на ,,Баундари Парк” со третиот овосезонски погодок.
И покрај поразот, Вокинг остана на третото место на табелата, додека Олдам скокна на четиринаесеттата позиција.