Лукас Окампос синоќа не го доигра натпреварот против Гетафе, откако мораше на носилки да биде изнесен поради стартот што го претрпе. Џане брутално стартуваше директно на ногата на Окампос, а интересно е што судијата првично воопшто не досуди фаул.
По консултација со ВАР системот, беше потврдено дека се работи за брутален старт и играчот на Гетафе доби црвен картон, а Окампос на носилки беше изнесен надвор од теренот.
Аргентинецот со болна гримаса на лицето и солзи во очите знаеше дека се работи за сериозна повреда. При излегувањето од теренот, Окампос на својот тренер Хулиан Лопетеги му рече: „Тренеру, ми ја уништија ногата“. Во прилог и видео ид бруталниот старт: