Охридскиот пејач Александар Јосифовски ја промовираше својата прва песна на српски јазик, насловена „Иди“. Музиката за песната ја напишал самиот Александар заедно со гитаристот Мартин Милевски, додека текстот е дело на Огнен Неделковски. Aранжманот е дело на самиот Александар. Режисерот Кристијан Љушев и „Шпанец продукција“ го изработија спотот за оваа песна.