
По само четврт пат во својата историја, односно за првпат после 2001, Сиетл Маринерс успеаја да добија една плејоф-серија.
Имено, во вајлд-кард рундата од овогодинешниот плејоф, Маринерс славеа над Торонто Блу Џејс со вкупни 2-0 и се пласираа во четвртфиналето.
Вториот натпревар од меѓусебната серија со канадските претставници заврши со неверојатни 9-10 во корист на Сиетл, кој приреди голем пресврт.
После пет ининзи, Блу Џејс водеа со навидум убедливи 8-1, но во завршните четири периоди, гостите направија серија од 9-1.
За Блу Џејс, во листата на поентерите се запишаа Теоскар Хернандез (х3), Алехандро Кирк (х2), Сантијаго Еспинал (х2), Бо Бишет и Владимир Гереро Џуниор.
На спротивната страна, поени постигнаа Адам Фрејзер (х2), Тај Франс, Карлос Сантана, Еугенио Суарез (х2), Кал Рајли (х3) и Митч Ханигер.




