Во финалната серија на МЛБ, синоќа, Тампа Беј Рејс израмнија на вкупни 1-1 против ЛА Доџерс, со победата од 4-6.
Сите поени на мечот паднаа во првите шест ининзи, со исклучок на последниот четврти поен на претставниците на Лос Анџелес.
Три од четирите поени на Доџерс беа всушност хоум-рани постигнати од Крис Тејлор, од Вил Смит и од Кори Сигер.
За Рејс, Брендон Лоу ги постигна и двата хоум-рани за вкупно дваесет и осум во овогодинешниот плејоф. Засега, тоа претставува нов рекорд во ова поле, кој најверојатно ќе биде зголемен во наредните натпревари.



