Ви ги претставуваме Европските првенства низ годините со Европското Првенство во 2000.
EURO 2000: За прв пат во историјата Европско првенство е одржано во две држави односно Холандија и Белгија, така што квалификацискиот турнир се состојал од 9 групи, од кои се пласирале 14 репрезентации, плус домаќините. Со многуте интерерсни натпревари и како едно од првенствата со најмногу голови, ова се смета за едно од најдобрите Европски Првенства.
По возбудливата групна фаза на квалификацискиот турнир на ред дошле 1/4 финалните натпревари каде што имало еден дерби натпревар меѓу Шпанија и Франција, каде што поуспешна била Франција, а на остананите имало очекувани резултати, па Португалија, Италија и Холандија се пласирале понатаму.
Двата 1/2 финални натпревари исто така донеле многу возвуда, каде што и двата не завршиле со победник по 90 минути. Франција по продолжение била поуспешна од Португалија, додека Италија по пенали од Холандија.
Во финалниот натпревар по нерешениот резултат 1:1 во 90 минути, во продолжението Трезеге го постигнува златниот гол и им ја носи титулата Европски Шампион на Франција.
Продефирала плеада од фудбалски ѕвезди на овој шампионат, златната топка била поделена на Клајверт и Саво Милошевиќ, додека за најдобар играч бил прогласен Зинедин Зидан.