
Њујорк Ајлендерс не знаат за пораз од Винипег Џетс четири и пол години, односно од 5 декември 2018.
Оттогаш наваму, претставниците на ,,Големото јаболко” триумфираа над Канаѓаните шест пати, вклучувајќи го и синоќешниот триумф од 2-1.
На мечот, домаќините постигнаа по еден гол во непарните третини, а голгетери беа Себастијан Ахо и Симон Холмстром.
Од друга страна, единствен што ја затресе мрежата на Илја Сорокин беше Николај Елерс во вториот период.
Во Источната конференција, Ајлендерс го заземаат седмото место, додека Винипег падна на третата позиција на Западот.