
Во директната битка за второто место во Источната конференција, Њу Џерси Девилс триумфираа над Каролина Хурикејнс со 3-0.
На табелата, двете екипи имаат по 94 бода и ја делат втората позиција со единаесет поени заостаток во однос на лидерите Бостон Бруинс.
Двоен стрелец на натпреварот беше Јеспер Брат, а еднаш во корист на Девилс погоди и Џек Хјус.
На голот на домаќините стоеше Витек Ванечек, кој дојде до третиот овосезонски шут-аут со 32/32 одбранети противнички удари.