Во рамките на второто коло од новата НРЛ сезона, силите ги одмерија актуелните шампиони Сиднеј Рустерс и Менли Си Иглс. Рустерс, во првото коло, забележаа пораз од 20-14 од Пенрит Пантерс, додека Менли со 4-18 беше послаб од Мелбурн Сторм.
На овој натпревар, иако важеше за аутсајдер, Менли успеа да слави со 8-9 благодарение на дроп-голот на Чери-Еванс на четири минути пред крајот. Во претходниот дел од мечот и двете екипи постигнаа по два пенали – Фланаган за Рустерс односно Герик за Си Иглс, како и по еден есеј – Тупу за Сиднеј и Трбојевич за Менли.