Вториот денешен натпревар од четвртото коло во овогодинешната НРЛ сезона го одиграа домашниот тим на Мелбурн Сторм и гостинските Саут Сиднеј Рабитохс.
Домашната екипа дојде до својата трета овосезонска победа, од првите четири кола, во натпреварот што го доби со 22-8. Интересен е фактот дека во првите педесетина минути, Рабитохс потполно изедначено се држеа во натпреварот. Пресудна, за победата, беше серијата од 14-0 на Мелбурн во последните триесет минути.
За Рабитохс, поените ги постигнаа Џонстон преку есеј и Рејнолдс преку конверзија и пенал. За Мелбурн, по еден есеј постигнаа Папенхујзен, Вунивалу, Адо-Кар и Олам, а Смит погоди еден пенал и две конверзии.
Со новите два поени, Мелбурн се искачи на четвртото место на табелата, додека Рабитохс, со само една победа, ја заземаат единаесеттата позиција.



