Вториот натпревар од третото коло во НРЛ го одиграа екипите на НК Каубојс и Голд Коуст Титанс. Овој дуел беше потполен одраз на вчерашниот прв натпревар во кој, Парамата Илс со 6-34 ги совладаа Бризбејн Бронкос. Имено, денес, домаќините од северен Квинсленд ја оправдаа фаворитската улога и победија со 36-6. Она што е исто во однос на претходниот натпревар е редоследот на поените – единствените поени, губитничкиот тим ги постигна за израмнување на резултатот на 6-6.
Норт Квинсленд Каубојс доминираа во текот на цел натпревар, а поените ги постигнаа Хемптон (х2), О’Нил, Робсон (х2) и Фелдт преку есеј односно Холмс преку конверзии и пенал.
Од друга страна, единствениот есеј за Титанс беше дело на Кели кој со неверојатна пируета надмудри неколку противнички играчи.
На табелата, Каубојс избија на четвртото место со две победи и еден пораз, додека Титанс се наоѓаат на дното без ниеден освоен поен.
Хајлајтс од натпреварот: https://www.nrl.com/tv/news/match-highlights-cowboys-v-titans-1065655/



